Достапни линкови

Управниот суд ќе ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и МОРО


Предвремени парламентарни избори 2020

Управниот суд денеска треба да ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и на МОРО Работничка партија, на одбиените приговори од Државната изборна комисија за парламентарните избори одржани на 15 јули. Управниот суд вчера ги одби тужбите поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и тужбата на Интегра. Вчера две тужби против одлкуките на ДИК поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. До Управен пристигнаа и две тужби од партијата Демократи, една од Единствени за Македонија, односно коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, и една од МОРО Работничка партија.

Управниот суд одби 40 тужби од Алијансата за Албанците

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори. Управниот суд, според роковникот за изборни дејствија, е должен да донесе одлука најдоцна 60 часа од приемот на тужбата. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд за заштитата на избирачкото право, ДИК согласно законот ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајниот рок за одржување конститутивната седница на Собранието е 4 август.

XS
SM
MD
LG