Достапни линкови

Кратка церемонија во Токио за одложените Олимписки игри


Споменик на Олимписките прстени пред седиштето на Олимпискиот комитет на Јапонија во Токио

Кратка, 15-минутна церемонија е предвидена за денескана националниот стадион во Токио, за да се одбележи датумот кога требаше да бидат отворени годинашните летни Олимписки игри.

Нов датум за летните олимписки игри во Токио

Олимписките игри требаше да започнат на 24 јули, но беа одложени за следното лето и е предвидено тие да почнат на 23 јули 2021 година. Но, претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори, изјави вчера дека Игрите нема да се одржат ни следната година освен ако не се промени состојбата со пандемијата на коронавирусот. Сепак, тој додаде: „Мислам дека оваа состојба нема да трае повеќе од една година“.

XS
SM
MD
LG