Достапни линкови

Во Брисел разговори меѓу Белград и Приштина


косовскиот премиер Авдулах Хоти и Скендер Хисени, државен координатор за дијалогот со Србија.

Делегации на Белград и Приштина се очекува да разговараат за изготвување на „конечен договор меѓу двете земји“ на нивниот денешен состанок во Брисел, објави косовскиот премиер Авдулах Хоти. Откако објасни дека „национален координатор“ ќе ја претставува Приштина на состанокот, косовскиот премиер рече дека веќе не постои технички дијалог и дека се одвива само политички, што води кон „взаемно признавање“. Хоти, по состанокот на Форумот на политички партии, го именува неговиот советник, поранешниот министер за внатрешни работи на Косово Скендер Хисени, за државен координатор за дијалогот со Србија.

САД се задоволни од обновата на дијалогот меѓу Србија и Косово

Директорот на Кабинетот за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ пак, изјави дека Авдулах Хоти, како што рече, „намерно ја мами домашната и меѓународната јавност, дека во Брисел ќе се разговара за договорот за признавање на еднострано прогласената независност на Косово “. Тој додаде дека во Брисел, први на агендата ќе бидат обврските на Приштина преземени во досегашниот тек на дијалогот во Брисел, потоа обидот за нормализирање на економската соработка, како и прашањето за исчезнатите лица. По средбата на Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ, што се одржа во Брисел во минатиот четврток дијалогот треба да продолжи на експертско ниво.

XS
SM
MD
LG