Достапни линкови

Груби: Време е за умереност


Артан Груби

Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел силно да продолжиме на нашиот евроатлантски пат, напиша денеска на својот фејсбук профил пратеникот на ДУИ Артан Груби, после неколкудневно префрлување во јавноста - за тоа кој со кого ќе формира нова Влада по изборите на 15 јули.

„Толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, но и економското закрепнување за да се поправат последиците од ковид-19 со воспоставување на одговорни институции“ напиша Груби на својот профил на Фејсбук.

Османи: На државата ѝ треба влада со европска перспектива

Овој коментар доаѓа по средбата на досегашниот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

XS
SM
MD
LG