Достапни линкови

Десет починати и нови 137 заболени од ковид-19


Луѓе со заштитни маски поради Ковид-19 на Камени мост во Скопје

Во последните 24 часа се регистрирани нови 137 случаи на заболени од ковид-19 од кои најмногу во Скопје 64, потоа во Штип 19 и Струга 14. Починати се 10 лица, на возраст од 61 до 82 години, петмина од починатите пациенти се од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.

Направени се 1437 тестови, а Институтот за јавно здравје денеска регистрира 131 оздравен пациент. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034.

Според последните тестирања во Скопје има најголем број на активни случаи и тој изнесува 1909 заболени, следува Штип 333 активни случаи, па Тетово со 297 активни и Кумановокаде што има 250 активни случаи. Во скопските општини најмногу заболени има во Чаир каде што се регистрирани вкупно 275, потоа Гази Баба со 206 случаи и Аеродром со 200и Карпош со 174 случаи.

XS
SM
MD
LG