Достапни линкови

Филипче: Нема да има нови рестрикции


Венко Филипче

Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, апсолутно нема никаква индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува, и во однос на број на новодијагностицирани пациенти, и во однос на број на пациенти кои треба да се хоспитализираат. Тој број е константен подолг временски период, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека околу 10 проценти од вкупниот број активни дијагностицирани пациенти се сместени во болниците и така останува овој тренд, што значи, како што вели, дека добро се менаџира.

„Така што, генерално мислам дека ситуацијата е стабилна, епидемиолошката состојба ја имаме целосно на увид, имајќи го во предвид масовното тестирање коешто го правиме и така ќе продолжиме и понатаму“, изјави Филипче за Канал 5 телевизија.

Тој истакна дека не се планирани рестрикции во работата на економските оператори, ниту пак рестрикција во движењето во било кои делови на државата, нагласувајќи дека постојат протоколи и тие треба да се почитуваат, а доколку не се почитуваат треба да се санкционираат прекршителите.

XS
SM
MD
LG