Достапни линкови

Османи: На државата ѝ треба влада со европска перспектива


Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи

На земјата ѝ е потребна стабилна и функционална Влада, со европска перспектива, која ќе може адекватно да се подготви и да ги започне претстојните преговорите со ЕУ, рекол вицепремиерот Бујар Османи, на денешната средба со евроамбасадорот во Скопје, Самуел Жбогар.

На средбата се разговарало за текот на изборите и пост изборната атмосфера во насока на политичката стабилност на земјата, a во пресрет на почетокот на преговорите.

„На земјата и е потребна стабилна и функционална Влада, со европска перспектива, која ќе може адекватно да се подготви и да ги започне претстојните преговорите со Европската Унија, како и да биде гарант за регионалната стабилност при решавање на важните регионални прашања“, рекол Османи.

XS
SM
MD
LG