Достапни линкови

Управен суд: Поднесени уште 102 тужби за изборите


Управен суд Скопје

Управниот суд денеска информираше дека политичката партија Левица денеска во Управниот суд поднела 102 тужби за заштита на избирачкото прво на подносителите на листите. Претходно Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа 75 тужби, а партијата Интергра една тужба.

Од Судот информираат дека за одржување на јавните седници по тужбите ќе биде дополнително сооопштено. Управниот суд за денеска има закажано повеќе јавни расправи по поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и едната тужба поднесена од Интегра. Тужбите, како што претходно најави претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, се поделени на неколку судечки совети формирани со жрепка.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG