Достапни линкови

Грција го затвора влезот преку „Меџитлија“ и „Стар Дојран“


Илустрација - Грција пред неколку дена неколкукратно ги засили здравствените контроли на нејзините гранични премини

Македонското МВР соопшти дека Грција ги затвора граничните премини за влез од Македонија, преку „Меџитлија“ и „Стар Дојран“, според новите протоколи на грчката влада за заострување на рестриктивните мерки поради ковид-19.

„До македонските власти доставено е известување дека премините ќе бидат затворени за патнички и товарен сообраќај од денес на полноќ до вторник (4 август). Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го направат на грчкиот граничен премин „Евзони“, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG