Достапни линкови

Црна Гора прогласи корона епидемија во целата држава


Илустрација

Црногорското „Национално координативно тело за заразни болести“ повторно одлучи да прогласи епидемија на коронавирус на терирорија на целата држава. Од денеска воведени се неколку нови привремени мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата, а во исто време, во некои општини каде е намален епидемиолошкиот ризик, мерките ќе бидат ублажени.

Употребата на заштитни маски и надвор и внатре е задолжителна низ цела Црна Гора. Маски, исто така мора да носат деца постари од седум години, освен на плажи и во национални паркови, под услов да се чуваат настрана од други луѓе и други, претходно пропишани мерки.

Собирот е ограничен на целата државна територија на најмногу 40 лица на јавни места надвор, и на 20 лица внатре, со обврска да одржува растојание од најмалку два метра од другите луѓе. Оваа обврска не се однесува на објекти за домување, се вели во соопштението на Владата.

XS
SM
MD
LG