Достапни линкови

Управен суд закажа јавни расправи за тужбите за изборите


Управниот суд за денеска закажа повеќе јавни расправи по поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и една тужба поднесена од Интегра. Тужбите, како што претходно најави претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, се поделени на неколку судечки совети формирани со жрепка.

По решенијата на Државната изборна комисија за отфрлање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори тужби до Управниот суд најавија и Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК и истекува денеска попладне.

XS
SM
MD
LG