Достапни линкови

Ослободени сите заложници во автобусот во Украина


Ослободени сите заложници во автобусот во Украина

Украинската полиција ги ослободи сите кои беа држени како заложници во автобус во западна Украина и го приведе грабнувачот, соопштиполицијата по вчерашната 12 часовна заложничка драма. Напната ситуација заврши без жртви откако претседателот на Украина Володимир Зеленски разговараше со грабнувачот по телефон и се согласи на едно од неговите барања. Државната служба за безбедност соопшти дека станува збор за44-годишниот Максим Кривош кој пропагирал „екстремистички ставови“. Министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков, рече дека Кривош бил вооружен со пиштоли и граната. Официјални лица изјавија дека Кривош бил два пати осуден.

Украински тајкун во битка за зголемување на медиумската моќ

Полицијата соопшти дека во преговорите тој рекол оти бил изнервирал од „системот“ и побарал од луѓето да го гледаат документарниот филм „Земјиште“ од 2005 година за страдањата што ги трпат животните на фарми, истражувачки лаборатории и други локации. Како одговор, Зеленски објави кратко видео на Фејсбук во кое препорачува луѓето да го гледаат документарецот. Локалните медиуми соопштија дека Кривош ја следел веста за неговото заложништво на неговиот телефон.

XS
SM
MD
LG