Достапни линкови

Локалните власти против федералната полиција во Портланд


протести во Портланд, Орегон, САД

Дејствата на американската федерална полиција на протестите во Портланд, пофалени од претседателот Доналд Трамп, но извршени без согласност на локалните власти, доведоа до можност за уставна криза во САД. Спорот би можел да ескалира во Портланд и на други места, бидејќи Трамп вели дека планира да испрати федерални агенти и во други градови. Граѓаните кои протестираат против расните нееднаквости го исполнија просторот пред судот синоќа, пред да бидат избркани од федералната полиција.

Трамп предупредува на екстремно левичарскиот фашизам

Протестите беа поттикнати од убиството на 25-ти мај на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на апсењето во Минеаполис. Локалните власти и властите на државата Орегон не побараа помош од сојузната полиција и сега чекаат пресуда за тужба поднесена против нивните постапки. Секретарот за правда на Орегон, Елен Розенблум изјави дека маскираните сојузни полицајци апселе луѓе на улица, без основано сомнение и ги одведувале во необележани автомобили. Трамп најави зголемување на бројот на припадници на сојузната полиција, изјавувајќи дека „тие направиле фантастична работа за кратко време“ во Портланд.

XS
SM
MD
LG