Достапни линкови

Додик: институцијата висок претставник треба да биде укината


Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека институцијата Висок претставник на меѓународната заедница во БиХ треба да биде укината што е можно поскоро и тоа со одземање на неговиот мандат. Според него, БиХ ќе добие можност да го преземе внатрешниот суверенитет одземен со испраќањето на Високиот претставник по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор. „Знам дека на Валентин Инцко не му се допаѓа тоа што го кажувам, бидејќи каде на друго место би имал приход од околу 25.000 евра месечно за такво неподготвеност и со вакви способности, плус привилегии што одат со посебниот живот на дипломат“, рече Додик за новинската агенција Срна.

По 12 години во Мостар ќе има локални избори

Тој додаде дека затворањето на Кабинетот на високиот претставник и заминувањето на странските судии од Уставниот суд се предуслови БиХ да се обиде да се етаблира како суверена држава. Според него, Бошњаците досега морале да разберат дека високиот претставник им прави „мечкина услуга“, затоа што високиот претставник ќе замине, и тие ќе треба да се договорат да живеат заедно со Србите и Хрватите.

XS
SM
MD
LG