Достапни линкови

Емиратите лансираа ракета во мисија на Марс


Обединетите Арапски Емирати денеска ја лансираа својата прва мисија на Марс од космодромот во Јапонија со помош на јапонска ракета, што е прва меѓупланетарна мисија на арапска земја, пренесува веб-страницата „Спејсфлајт нау“.

Лансирањето на ракетата наречена „Хоуп“ или „Ал Амал“ од вселенскиот центар „Танегашима“, на мал остров на југот на Јапонија, првично беше планирано за минатата среда, но беше одложено поради лошите временски услови.

Ракетата на својата седуммесечно патување ќе носи инструменти за проучување на горното ниво на атмосферата и следење на климатските промени на Марс, а околу оваа планета треба да кружи најмалку две години.

Сондата носи дигитална камера за снимање на површината на Марсија, песочните невремиња и ледените облацикакои спектрометри за мерење на состојките на повеќе нивоа од атмосферата на планетата.

XS
SM
MD
LG