Достапни линкови

Во Франција од денеска маски и на затворени места


илустрација

Од денеска во Франција ќе се бара да се носат маски на затворени јавни места со цел да се спречи ширењетона коронавирусот, објавија локалните медиуми. Министерот за здравство Оливие Веран рече дека маските ќе бидат задолжителни во продавниците, јавните институции, пазарите и банките.

Трамп - Луѓето треба сами да изберат дали ќе носат маски

Францускиот претседател Емануел Макрон во говорот на националниот празник на 14 јули рече дека задолжителното носење на маската ќе стапи во сила на 1 август, но датумот е сменет поради страхување од нов бран. Француските медиуми споменуваат и казна од 135 евра доколку не се носи маска, но се очекува уредба на француската влада, која треба да го потврди тоа.

XS
SM
MD
LG