Достапни линкови

Осум починати и 127 новозаразени од коронавирус


Илустрација - Клиника за инфективни болести.

Нови 127 случаи на заразени од коронавирусот се регистрирани во изминатите 24 часа од направени 904 тестирања, а во истиот период починати се осум луѓе, соопшти денеска Министерството за здравство.

Најголем број од новозаразените се во главниот град Скопје – 57, потоа следуваат Штип со 13, Свети Николе 12, Струга 10, Гостивар 8, Охрид 7, Тетово 6...

Филипче: Епидемијата ќе трае до вакцинирање на доволен број луѓе

СЗО: Втор ден рекорден број на новозаразени од коронавирус

Од починатите лица, пет пациенти се од Скопје и по еден од Тетово, Струга и Кичево. Институтот за јавно здравје денеска регистрираше 83 оздравени лица.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 85.820 тестирања од Ковид -19, а вкупната бројка на дијагностицирани во земјата е 9.153. Моментално има 3.921 активни случаи, оздравени се 4.810 пациенти.

Забави во клуб во Струмица, инспекторатот најави кривична пријава

XS
SM
MD
LG