Достапни линкови

Експлозија во иранска електрична централа, нема жртви


Пожарникари се борат со пожар во фабриката за бродови „Делвар Кашти“ во иранскиот град Бушехр на 15 јули. Од крајот на јуни во земјата имаше неколку експлозии и пожари околу ирански воени, нуклеарни и индустриски објекти.

Официјалната иранска новинска агенција ИРНА објави дека денеска се случила експлозија во електрична централа во централната провинција Исфахан, но дека нема жртви.

Од крајот на јуни имаше неколку експлозии и пожари околу ирански воени, нуклеарни и индустриски објекти.

Управниот директор на енергетската компанија во Исфахан за ИРНА изјавил дека експлозијата е предизвикана од истрошен трансформатор во постројката.

Запалени бродови во иранско пристаниште

Експлозијата се случува неколку дена откако неколку бродови беа зафатени од пожар на 15 јули на иранското пристаниште Бушехр на Персискиот Залив.

Две експлозии го потресоа главниот град Техеран на крајот на јуни, една во близина на воена локација и другата во здравствен центар каде загинаа 19 луѓе.

Пожар исто така избувна во иранскиот нуклеарен објект Натанц на 2 јули. Иранските високи безбедносни власти на 3 јули соопштија дека е утврдена причината за пожарот во Натанц, но дека ќе биде објавена во подоцнежно време.

Израел тврди дека не стои зад инцидентот во иранската нуклеарна централа

Некои ирански власти соопштија дека е можно да се работи за хакерски напад, а има и предупредувања дека е можно Техеран да се одмазди против секоја земја која спроведува такви напади.

Во статија од почетокот на јули, ИРНА се осврна на како што ја нарече, можноста за саботажа од страна на непријатели како Израел и САД, иако ниту една земја не се обвинува директно.

Израелскиот министер за одбрана на 5 јули соопшти дека неговата земја не стои „нужно“ зад секој мистериозен инцидент во Иран.

XS
SM
MD
LG