Достапни линкови

Тачи по враќањето од Хаг - Улогата на ОВК е незаменлива


Косовскиот претседател Хашим Тачи зборува за медиумите во Холандија. 13.7.2020.

Косовскиот претседател Хашим Тачи по враќањето од Хаг во Косово изјави дека во потполност го почитува процесот на расветлување на вистината до самиот крај и неговата улога во ослободителната борба за слобода и независност.

Тачи од понеделник до четврток минатата недела беше на испитување на повик на Специјалното обвинителство во Хаг, откако против него беше поднесено обвинение на разгледување во кое се терети за воени злосторства.

Како што изјави во видео порака вчера вечер, „ова е продолжување, кое трае 21 година, обвинувања, клевети и измислици против Ослободителната војска на Косово и напорите на народот на Косово да се избори за слобода и држава.“

Тачи истакна дека улогата на ОВК за слобода е незаменлива и повтори дека му било чест да се бори за независност на Косово.

„Тоа се обвинувања против мене и нашата заедничка војна со САД, НАТО, Европската унија и другите пријателски земји, за ослободување на народот на Косово од фашистичката диктатура на Слободан Милошевиќ и државата Србија“, изјави Тачи.

Тој потсети дека ја обавил својата граѓанска и институционална должност да се појави пред обвинителите на Специјалниот суд во Хаг.

„Завршив околу 30 часа соочување со органите за прогон, каде бев запознаен со сите нивни наводи и каде одговарав на нивните прашања. Во потполност го почитувам процесот на расветлување на вистината до самиот крај и мојата улога во ослободителната борба за слобода и независност. Од етички причини и законски ограничувања, не можам да навлегувам во конкретни детали во ова соочување. Но, од друга страна не можам да не споделам ништо со вас“, рече Тачи.

Канцеларијата на Специјалното обвинителство на крајот на јуни оваа година соопшти дека на 24 април на Спцијализирани совети им е предадено на разгледување обвинение, според кое Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весели и други осомничени, во десет точки се теретат за кривична одговорност за скоро 100 убиства и низа други злосторства.

Тачи на крајот на јуни изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Косово доколку наводите од обвинението бидат потврдени, како и дека ќе се соочи со нив. Судијата на претходна постапка има рок од максимум шест месеци да го потврди или отфрли обвинението.

XS
SM
MD
LG