Достапни линкови

ОЈО отвори предмет за статус на Фејсбук објавен од лидер на партија


Основно јавно обвинителство Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, отворило предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија.

„Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Од ЈО не наведуваат детали за статусот на Фејсбук и за неговиот автор.

Основното јавно обвинителство Скопје по оформување на предметот, издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи.

Обвинителството информира и дека лидерот на политичката партија бил повикан да даде исказ како пријавено лице.

XS
SM
MD
LG