Достапни линкови

Мисајловски: Никогаш нема да го прифатам овој изборен резултат


Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во изборната единица 2, Владо Мисајловски, денеска реагираше дека изборните резултати не на отсликуваат реалност и дека никогаш нема да го прифати тој резултат.

„Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат затоа што не ја одликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата. Но, за мене е важна поддршката од сите граѓани што ни ја дадоа и веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата секогаш да ја продолжиме“, стои во партиското соопштение од Мисајловски.

Тој го обвини СДСМ за поткуп и други незаконски дејства во изборната кампања.

„Во целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владејачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на СДСМ на чело со премиерот на државата и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме“, пишува Мисајловски.

На предвремените парламентарни избори коалицијата „Можеме“ на СДСМ освои 46 пратенички места, коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ освои 15, Алијанса за Албанците 12, Левица 2 и ДПА 1 пратеничко место.

XS
SM
MD
LG