Достапни линкови

Бесплатно кино на отворено

Младинскиот културен центар викендов повторно организира бесплатно кино на отворено во паркот на МКЦ.
Денеска на репертоарот е филмот „Portrait of a Lady on Fire“ во режија на Селин Шиама, а утре пак ќе се прикажува „Everybody knows“ во режија на Асгар Фархади. Проекциите почнуваат во 21 часот, а обезбеден е и превод на македонски јазик.
„Билетите се бесплатни и задолжителни и можат да се набават преку bileti.mkc.mk. Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита. Ве молиме придржувајте се до истите. Доколку сакате да имаме културна програма ова лето, ве молиме грижете се за себе и другите. Придржувајте се до мерките и протоколите“, велат од МКЦ.
Погледнете ја галеријата од атмосферата на проекциите организирани минатиот викенд.

XS
SM
MD
LG