Достапни линкови

ЕУ ги тргна Србија и Црна Гора од списокот на епидемиолошки безбедни земји


илустрација

Европската унија денес ги тргна Црна Гора и Србија од списокот на држави чии граѓани можат да влезат на нејзината територија и го скратија списокот на 12 држави. Списокот заснован врз епидемиолошки критериуми се ревидира на секои две недели. Сепак, оваа препорака не е обврзувачка, но зависи од секоја земја-членка да одлучи кои патници ќе ги пушти на нејзината територија. Во Србија и Црна Гора, последниве денови се забележува загрижувачки пораст на бројот на заразени со вирус.

Загриженостa од недостигот на храна расте поради пандемијата

На списокот не се наоѓаат САД, најтешко погодени од пандемијата, со повеќе од 50.000 нови инфекции на ден и повеќе од 140.000 смртни случаи, како и Бразил (два милиони заразени, повеќе од 70.000 мртви), Русија и Индија, каде пандемијата експлодирала од почетокот на јули. На листата на ЕУ остануваат 12 земји: Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. Кина е исто така на листата, но врз основа на реципроцитет.

XS
SM
MD
LG