Достапни линкови

Дводневен самит на ЕУ за економскиот пакет


архивска фотографија - самит на ЕУ

Денеска во Брисел почнува дводневен самит на Европската унија на кој лидерите директно ќе разговараат за следниот долгорочен буџет на ЕУ и за планот за економски стимул во вредност од околу 1,85 милијарди евра. За да се постигне договор, како што се дознава од дипломатски извори во Брисел, ќе треба да се премостат многу празнини, особено помеѓу богатите, северни земји и југот со голем долг од товарот на кризата со ковид-19.

Четири земји со нивен предлог за фондот за обнова на ЕУ

„Станува збор за голема работа, загрозен е кредибилитетот на Европската унија“, оцени германскиот државен министер за Европа Мајкл Рот, по состанокот со колегите од ЕУ. „Постигнавме консензус дека ни треба брз договор ... Јас нема да се обложувам на тоа, но јас сум оптимист дека имаме добри шанси за успех“, рече тој, наведувајќи дека сè уште има многу области на несогласување, особено околу вкупната големина на Фондот за наплата - за која е предложено да биде до 750 милијарди евра, како и прашањето дали да се исплаќа како грантови или заеми.

XS
SM
MD
LG