Достапни линкови

Алијев го отпушти долгогодишниот шеф на дипломатијата


Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев го отпушти долгогодишниот министер за надворешни работи Елмар Мамадијаров за време на екскалација на конфликтот со соседна Ерменија. Ваквата одлука Алиев ја донесе на само еден ден откако Мамадијаров на владина седница го критикуваше „неговиот пасивен пристап “ во справувањето со смртоносните воени судири што избувнаа на границата на 12 јули. На место на Мамадијаров е поставен Чејхун Бајрамов кој треба да го замени долгогодишниот министер кој дипломатската кариера почна да ја гради во 2004 година во богат со нафта регион во Јужниот дел на Кавказ.

„ Мислам дека нашите дипломатски активности треба да бидат поефикасни, јас повеќе пати реков дека не треба да биде одбранбена и пасивна туку во напад . Дипломатијата не смее да се плаши да зборува“ рече Алиев за време на владината седница.

XS
SM
MD
LG