Достапни линкови

Независните пратеници во ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Мицкоски


Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното соопштение до јавноста, оценува дека Христијан Мицкоски ѝ донел пораз на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните избори што, како што велат, е потврда дека „на партијата ѝ се неопходни реформи и темелна чистка за да се демократизира“.

„Ова е уште еден доказ дека Мицкоски е казнет и од нашето членство кое не дозволува ВМРО-ДПМНЕ да биде претворена во партија налик на грчката Златна Зора. На членството му благодариме за стабилната поддршка која ја покажа, за разлика од Христијан кој донесе само негатива, покажувајќи дека не умее да го искористи кадровсиот потенцијал на нашата партија и избра да оди со кандидати како министерката на Бранко-Гога и Сафет Бишевац. Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ кој го донесе Мицкоски е последица на распарчувањето на партијата кое тој го донесе, исклучувајќи ги сите кои мислат различно од него и неколкумината негови потрчковци. Наместо како лидер, да обединува за силна победа, тој ширеше омраза, лаги и го ситнеше отпорот против владејачката гарнитура“, стои во реакцијата на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според групата, „Мицкоски останал на страна и од помирувањето кое е толку потребно во македонското општество“.

XS
SM
MD
LG