Достапни линкови

Нови 94 случаи на Ковид-19, осум починати и 42 оздравени


Илустрација - Земање примерок од крв на пациент за тестирање за Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, при што се регистрирани 94 нови случаи на ковид-19 во Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9 и во Кичево -2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 42 оздравени лица од Скопје-27, Штип-1, Прилеп – 8, Тетово-1, Велес-3, Кочани -2.

Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години. Во ОБ Прилеп починат е пациент на 60 години, во ОБ Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8623, бројката на оздравени пациенти е 4603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3619.

XS
SM
MD
LG