Достапни линкови

Се запалило возило со изборен материјал: Нема повредени, гласачките ливчиња не се оштетени


Илустрација

Возило со кое бил превезуван избирачки материјал од општина Гостивар од вчерашните избори, денеска рано наутро се запалил на пат од Гостивар кон Скопје. Од МВР велат дека ниеден од петмината членови на избирачкиот одбор кои биле во возилото не е повреден, а гласачкиот материјал не е оштетен и дека е безбедно доставен до Државната изборна комисија.

„Настанот се случил околу 4:30. Во СВР Тетово е пријавено дека моторно возило ‘форд транзит’ со гостиварски ознаки, управуван од 35-годишен гостиварчанец, во непосредна близина на наплатната станица во Тетово се запалило во движење. Внатре се наоѓале пет членови на општинската изборна комисија во Гостивар кои го носеле избирачкиот материјал во Скопје. Тој не е оштетен. Повикано е друго возило во кое е префрлен и пренесен во Државната изборна комисија“, информираше МВР.

XS
SM
MD
LG