Достапни линкови

Мицкоски: Ние треба да формираме Влада, не прифаќам услови


Прес-конференција на Христијан Мицкоски, ден по предвремените парламентарни избори 2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, ден по предвремените парламентарни избори, изјави дека неговата партија има најголем кребилитет да формира влада и дека нема да прифати никакви услови за формирање нов владин состав.

„Кога ќе се исклучи БЕСА, ние имаме повеќе гласови од СДСМ на овие избори. Имаме кребилитет да формираме влада. Победивме во 41 општина.“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој на новинарско прашање кои услови ќе ги прифати да формира Влада, рече: „Не прифаќаме никакви услови“, и додаде дека нема да коалицира со СДСМ и Зоран Заев, бидејќи, како што изјави, тој „со криминалци не коалицира“.

На прашањето околу преговорите со партии на Албанците, рече дека преговорите допрва почнуваат, но дека тој „под услови и диктати не работел“. Мицкоски додаде дека предизборна коалиција со партија на Албанците не направиле, но тоа не значи дека нема да има постизборна коалиција.

Според него, сомнително се броени и внесувани податоците од гласањето, но тој, како што кажа, нема да бара одговорност од претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, за она што се случува во Комисијата. Најави приговори до ДИК.

Претходно, преку соопштение, СДСМ ја критикуваше ДИК дека имала сериозни неправилности и грешки, бидејќи според системот на СДСМ, разликата била најмалку три мандати во нивна корист.

На прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ реагираше СДСМ.

„Изгубен е во сопствените заблуди, па заборавил и да бори. После 16 часа од поразот, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност“, стои во писмената реакција на СДСМ.

XS
SM
MD
LG