Достапни линкови

Хакирани Твитер профилите на Обама, Гејтс, Маск, Епл, Убер...


Официјалните профили на Твитер на ознати личности, милијардери, политичари и на некои од најголемите светски компании ноќеска беа хакирани. Меѓу хакираните се налозите на Илон Маск, Бил Гејтс, Барак Обама, Џо Бајден, Мајк Блумберг, компаниите Епал, Убер..., јави Ројтерс.

На хакираните твитер профили се поаји објава: „Плаќате илјада долари, тие ви враќаат две илјади, но само во следните половина час, а тоа е затоа што мултимилионерите така решија“.

Пораките и објавите што кружеа на овие профили се однесуваа на акцијата: „Време е да дадам“, „Се чувствувам дарежливо заради ковид“, „Ѝ се враќаме на заедницата“... Со овие пораки од хакерите до корисниците на Твитер тие ги повикаа твитерџиите во рок од половина час да уплтат илјада долари на нивната биткоин сметка, а богатите наводно ќе им врателе потоа двојно.

По ова реагираше директорот на Твитер.

„Ова е тежок ден за Твитер“, напиша првиот човек на компанијата, Џек Дорси, и наведе дека експертите постојано работат на корекција на грешката што го овозможила ова.

Твитер веднаш ги исклучи сите официјални сметки обележани со сина маркица за автентичност, и тие повторно станаа активни неколку часа подоцна.

XS
SM
MD
LG