Достапни линкови

ДИК: СДСМ 36,13, ВМРО-ДПМНЕ 34,65, ДУИ 11,57, АА и А 8,79 отсто од гласовите


Зоран Заев, Зијадин Села, Билал Касами, Христијан Мицскоски и Али Ахмети

Од обработени 93,96 отсто од избирачките места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,13 отсто од гласовите, пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 34,65, ДУИ 11,57, Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, Левица 3,96, ДПА 1,48, а Интегра 1,33 отсто. ГДУ освоила 0,37 отсто од гласовите, МОРО 0,36 , Глас за Македонија 0,3, Единствена Македонија 0,29, СДУ 0,27, Твоја 0,2, Демократи 0,17, а Народна партија на Ромите 0,15 отсто од гласовите.

СДСМ прогласи победа - ВМРО-ДПМНЕ сака да прави влада

Портпаролот на ДИК Адмир Шабани на прес-конференција рече дека нема да биде соопштено која партија колку мандати освоила и оти тоа ќе биде направено откако ќе бидат добиени и целосно обработени сите податоци. Шабани повтори дека веб страницата на ДИК била цел на надворешен хакерски напад и дека стручни лица работат на нејзино повторно ставање во функција, а надлежните институции ќе треба да утврдат што точно се случило.

XS
SM
MD
LG