Достапни линкови

Во кумановско одзивот е помал отколку на претходните избори


Гласањето во Куманово се одвива мирно, без инциденти и пријавени нерегуларности. До 13 часот, според ДИК, своето граѓанско право го оствариле 22 насто или 20-ина илјади од вкупно запишаните 92 илјади и 300 гласачи.

Ова е помала излезност во однос на изборите во 2016-та година до 13 часот, кога бројката била 31 насто.

Во Старо Нагоричане до 13 часот гласале 607 од вкупно 2.926 лица или 20,75 проценти, што исто така е помалку во однос на претходните избори, кога до тоа време излезноста била 32,61 насто.

Општината Липково е со најмала излезност во регионот до 13 часот, со 17 проценти.

XS
SM
MD
LG