Достапни линкови

Руски активисти планираат протест против Путин


Протести во Хабаровск, 11.07.2020.

Анти-Кремљ активисти за денеска, како што најавија на социјалните мрежи, планираат протест во центарот на Москва, наречен „Не за вечен Путин“. Убедливата победа на референдумот овој месец му даде право на Путин да се кандидира за уште два претседателски мандата. Опозиционите активисти велат дека гласањето било нелегитимно и дека е време Путин, кој владее со Русија повеќе од две децении како претседател или премиер, да се повлече.

Втор ден протести за поддршка на руски опозициски гувернер

Масовните собири се забранети во главниот град заради ограничувањата за ковид-19. Дури и во нормални периоди, протестите на повеќе од едно лице бараат претходна согласност од властите. Деновиве двајца руски активисти вклучени во кампања против, како што велат, нелегалните планови на претседателот Владимир Путин да остане на власт биле приведени од властите во четвртокот, а пет други биле сослушани.

XS
SM
MD
LG