Достапни линкови

Граѓани собрани пред затворот во Белград бараат слобода за уапсените демонстранти


Стотина луѓе и денеска се собраа пред Централниот затвор во Белград, каде што бараат пуштање од притвор на граѓаните уапсени поради учество на демонстрациите во изминатите денови

Стотина луѓе и денеска се собраа пред Централниот затвор во Белград, каде што бараат пуштање од притвор на граѓаните уапсени поради учество на демонстрациите во изминатите денови.

Меѓу собраните се и активисти на иницијативата „Да не го давиме Белград“ и „Здружената акција Кров над глава“.

Граѓаните носат транспаренти „Апсете крадци, а не борци“, „Смрт на фашизмот, слобода на народот“ и скандираат „Полицајци, вие сте криминалци“.

Илјадници луѓе во изминатите денови протестираа во центарот на Белград против најавите на претседателот Александар Вучиќ за повторно воведување полициски час заради спречување на ширењето на коронавирусот. По протестите власта се откажа од таквите планови и покрај зголемувањето на бројот на заболени.

Стотици луѓе беа уапсени на насилните протести.

XS
SM
MD
LG