Достапни линкови

Нови 135 заболени, четворица починати од коронавирус


Илустрација: Жена со маска пред болницата „8 Септември“ во Скопје

Најголем дел од новозаболените се од Скопје – 76, а потоа следуваат Тетово, Гостивар, Струга и Штип.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 135 нови случаи на коронавирус во земјава, а четворица луѓе починале. Направени биле 1259 тестирања.

Најголем дел од новозаболените се од Скопје – 76, а потоа следуваат Тетово, Гостивар, Струга и Штип.

Во изминатото деноноќие биле регистрирани 142 оздравени од коронавирус.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8332, бројката на оздравени пациенти е 4468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3475.

XS
SM
MD
LG