Достапни линкови

Максимална пополнетост на ковид-болниците во Белград, болните се праќаат во други градови


Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека пополнетоста на здравствените капацитети за заболени од коронавирус во Белград е на максимум и оти сите ковид-болници во градот се пополнети над 90 отсто. На денешната прес-конференција на Кризниот штаб за борба против епидемијата рече дека во текот на денот ковид-системот ќе биде префрлен во Институтот за ревматологија, кој има преку 100 кревети.

Тој додаде дека во тек се отпусти од привремената болница во Арена и во другите болници „за да може да се сместат други пациенти“.

Лончар рече дека заболените со коронавирус од Белград се упатуваат во Смедерево, Пожаревац и во Смедеревска Паланка, каде што има место.

„Принудени сме на ова за секој да добие адекватна нега“, рече Лончар.

Тој изјави дека заболените, како и оние ставени на респиратор сега се во просек помлади отколку во првиот пик на епидемијата и дека има сè повеќе заболени меѓу младите луѓе од 10 до 40 години.

„Нивното лечење трае подолго, а клиничката слика е прилично сериозна“, рече Лончар.

Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 344 нови случаи на коронавирус, а 13 луѓе починаа. Во земјата во моментов има 4.574 активни случаи на коронавирус, 418 луѓе починаа, а над 13 илјади се оздравени.

XS
SM
MD
LG