Достапни линкови

Распишана потерница по Владимир Панчевски


Архивска фотографија - Владимир Панчевски (десно) со поранешниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски

За поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, е распишана потерница, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој на денешната прес-конференција информираше дека потерницата е распишана откако полициските службеници во три наврати не успеале да го пронајдат на адресата што била наведена во решението за негово приведување.

„Судот до СВР Велес достави наредба за приведување со решение за притвор, секторот за внатрешни работи тоа го достави до СВР Скопје и во три наврати припадници на полицијата од полициската станица во Центар се обидуваа да го пронајдат бараното лице, но не успеаја, по што беше информиран СВР Велес и е распишана потерница по именуваното лице. Се вршат моментално оперативни проверки, за да се утврди дали лицето официјално ја напуштило државата“ – рече Чулев на прес конференцијата.

На Панчевски му се суди во Велешкиот суд под сомнение за манипулации со електронскиот АКМИС систем додека беше на чело на скопскиот Кривичен суд.

XS
SM
MD
LG