Достапни линкови

Еболата се шири во ДР Конго, предупредува СЗО


Илустрација

Еболата се шири во западниот дел на Демократска Република Конго со речиси 50 познати случаи низ целиот регион долж границата со Република Конго и Централноафриканската Република, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Во екот на пандемијата на коронавирусот важно е да не ги губиме предвид другите болести што се појавуваат“, изјави извршниот директор за операции на СЗО. Ова е многу активно жариште и јас би рекол дека имаме големи причини за загриженост, Мајк Рајан.

Според него, откако властите на 1 јуни ја прогласиле епидемијата, досега се потврдени 48 случаи во провинцијата Екватор, уште три се суспектни, а вкупно се умрени 20 лица.

XS
SM
MD
LG