Достапни линкови

Деркоски: Денешното гласање се одвива без проблеми


Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, денеска изјави дека гласањето во 17 домови за стари лица низ државата, како и на другите места каде денеска се гласа, се одвива без проблеми.

Денеска гласаат и болните и изнемоштени лица и луѓето кои се сместени во Казнено-поправните установи, односно околу 11.000 со право на глас.

„До овој момент немаме пријави за никакви инциденти и денот се одвива навистина мирно што исклучително ме радува затоа што очигледно расте граѓанската свест кај нашите граѓани за своето право и обврска да излезат на избори и да го искористат своето право на глас. Се надевам дека до крајот на денот нема да има никакви проблеми и дека овој ден ќе заврши исклучително мирно и тоа во услови на пандемиска криза КОВИД -19 каде што организациски беше многу тешко да се направат максимални напори да се организира овој процес, но еве на крајот гледате дека навистина се одвива добро“, изјави Деркоски, при посетата на гласачкото место во Домот за стари лица во Катланово.

XS
SM
MD
LG