Достапни линкови

За време на молитва во Аја Софија иконите ќе се покриваат со завеси


Илустрација - Туристка се фотографира во Света Софија пред да биде пренаменета од музеј во џамија

Мозаиците во „Аја Софија“ во Истанбул ќе бидат покриени со завеси или со ласери за време на муслиманската молитва, објави портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), откако претседателот Таип Ердоган го претвори музејот во џамија, јави Ројтерс.

„Христијанските икони ќе бидат откриени и отворени за сите посетители во текот на останатото време, а влезот ќе биде бесплатен“, рече Омар Челик. Сè уште не е јасно како ласерите ќе ги покриваат мозаиците.

Претседателот Таип Ердоган ја прогласи истанбулската „Аја Софија“ отворена за муслиманска богослужба, откако судот донесе одлука дека претворањето на некогашната византиска црква во музеј во 1934 година било нелегално, пренесе Ројтерс.

Одлуката предизвика критики и загриженост низ целиот свет, вклучително и Грција, САД и Русија, како и УНЕСКО и папата Франциск, кои рекоа дека се погодени од одлуката.

XS
SM
MD
LG