Достапни линкови

Расте бројот на коронапозитивни во регионот


Илустрација - Косово, 13 јули 2020 година.

Во Бугарија се регистрирани 159 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, 82 случаи повеќе од вчера. Вкупно досега во Бугарија заразени се 7.411 лица, а излечени се 3.517 пациенти од кои 198 во последните 24 часа. Број на починати од ковид-19 во Бугарија достигна 276 лица.

Во Косово, пак, во последните 24 часа потврдени се уште 187 случаи на коронавирус во Косово, врз основа на 424 тестирани примероци, објави Националниот институт за јавно здравје во Приштина. Бројот на активни случаи во Косово изнесува 2.640 лица.

Црногорскиот Институт за јавно здравје објави дека околу 400 од 2.000 тестови на коронавирус кои биле испратени во лабораторија во Германија заради зголемено тестирање, се позитивни. Со тоа, значително се зголеми бројот на заразени во Црна Гора, кој со денешните нови 66 случаи достигна бројка од 963.

Епидемиологот Предраг Кон, член на Кризниот штаб во Србија, рече дека Србија е во неповолна ситуација, со тенденција да премине во вонредна состојба, потсетувајќи дека во неколку градови веќе е прогласена вонредна состојба.

Во Албанија вчера беа регистрирани 117 новозаразени со коронавирус, што е прва трицифрена бројка од почетокот на пандемијата. Поради ваквиот број во Албанија ќе биде задолжително носењето маска на лице, а непочитувањето на мерката ќе се казнува.

XS
SM
MD
LG