Достапни линкови

Матичните лекари на протест: Партии стоп, поддржувајте нѐ од дома!


Илустрација

Матичните лекари, денеска од 14 до 14.30 часот, ќе одржат протест против, како што велат, „скандалозниот игнорантски однос кон нив и непостоењето никаква поддршка од системот за матичните лекари - од почетокот на пандемијата до денес“. Матичните лекари ќе протестираат половина час, секој пред својата ординација.

„Бараме и итна помош во медицинска заштитна опрема, дезинфициенси и слично, бараме право да упатуваме пациенти на тестирање по наша процена како лекари, а не алгоритам, бараме да има член претставник од матичните лекари во Комисија за заразни болести, бараме стопирање на било какви “реформи” најавени за од 01.07, што е невиден преседан во сред пандемија и бараме помош во вид на итно ангажирање на млади колеги кои веднаш ќе се вклучат во системот, а во моментов седат дома без работа“, соопштија матичните лекари.

Тие велат дека нема да излезат масовно на протест, ниту ќе излезат пред медиумите, бидејќи „немало потреба од таква драма“.

„Партии СТОП, поддржувајте нѐ од дома! Изјави нема да даваме, ниту ќе гостуваме по телевизии, нема потреба од драма таква, драмата е на терен и по болници, и онака има премногу работа!“, велат матичните лекари.

XS
SM
MD
LG