Достапни линкови

СЗО критикуваше влади и политичари за односот кон Коронавирусот


Илустрација

Еден ден по рекордните 230.000 нови случаи на коронавирус во светот, Светската здравствена организација (СЗО), оцени дека светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, пренесе АП.

„Вирусот останува јавен непријател број еден, но постапките на многу влади и луѓе не го рефлектираат тоа“, изјави за медиумите генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој додаде дека „премногу земји одат во погрешна насока“ и затоа, како што рече, смета дека „нема враќање во поранешната нормала во блиска иднина“.

Додека многу земји, особено во Европа и Азија, ја ставаат епидемијата под контрола, како што посочи, премногу други земји гледаат како вирусот се движи во погрешна насока. Тедрос ги критикуваше политичките водачи за различни пораки за епидемијата, што ја намалува довербата, но не именуваше ниту еден.

XS
SM
MD
LG