Достапни линкови

Во Франција Денот на Бастилја, без вообичаената парада


Парада во Париз, 14.07.2019.

Франција денеска го одбележува националниот празник, Денот на падот на Бастилја, но оваа година поради корона вирусот нема да ја има вообичаената воена парада на Елисејските полиња. Церемонијата на прославата ќе се одржи на Плас де ла Конкорд во Париз, каде што ќе им биде оддадена почит на „сите луѓе, цивили и војници вклучени во борбата против епидемијата на коронавирусот“, соопшти француското Министерство за одбрана. Наведено е дека ќе учествуваат вкупно 2.500 луѓе, а ќе има и 2.000 гледачи, од кои 1.400 од здравството, граѓанското општество и оние кои биле мобилизирани среде епидемијата, вклучително и продавачи, полицајци и семејства на загинатите.

Се укинува вонредната состојба во Франција

За разлика од претходните години, на граѓаните нема да им биде дозволено да присуствуваат на церемонијата во Париз, но сè ќе биде пренесувано на телевизија. Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја предводи церемонијата. За време на церемонијата повеќе од 50 авиони ќе летаат над небото на Париз. Многу градови во Франција ги откажаа церемонијата „14 јули“, како резултат на тековните санитарни мерки, според кои собирите се ограничени на 5.000 лица.

XS
SM
MD
LG