Достапни линкови

Гранични судири меѓу Ерменија и Азербејџан


Ерменскиот премиер Никол Пашиниан

Граничните судири меѓу Ерменија и Азербејџан продолжија и вчера, иако Европската унија и Русија повикаа на воздржаност. Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека тројца нејзини војници биле убиени во неделата, а еден војник вчера, додавајќи дека обете страни користеле артилерија, минофрлачи и тенкови во северната област на нивната граница. Ерменското Министерство за надворешни работи соопшти дека било одговорено на артилерискиот напад од Азербејџан, тврдејќи дека Ереван „целосно ја контролира“ ситуацијата.

Азербејџанската владејачка партија освои 72 пратенички места

Ерменскиот премиер Никол Пашиниан го обвини Азербејџан за „провокации“ кои „нема да поминат без одговор“. ЕУ ги повика двете страни „да престанат со вооружената конфронтација и да преземат итни мерки за да спречи натамошна ескалација“. Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, оствари телефонски разговори со неговите ерменски и азербејџански колеги, барајќи деескалација.

XS
SM
MD
LG