Достапни линкови

Борел: Односите на ЕУ и Турција во моментов нe се добри


Жозеп Борел

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел денеска изјави дека „односите со Турција не се добри во моментот и ќе бидат на врвот на агендата на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ“.

Борел, по пристигнувањето во Брисел на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, најавил „интересна дискусија“ за начините за надминување на оваа состојба, потенцирајќи дека денешната седница ќе биде прва по долго време во кое учесниците ќе бидат физички присутни.

XS
SM
MD
LG