Достапни линкови

Прв ден гласање на предвремените парламентарни избори


Предвремени парламентарни избори 2020 - Гласање по здравствен протокол поради Ковид-19

Денеска на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија гласаат лицата заразени со ковид-19 и оние кои се изолирани заради коронавирусот. Државната изборна комисија формира еден или повеќе специјални изборни тимови, во зависност од тоа колку луѓе сакаат да гласаат. Тимот е составен од тројца здравствени работници, а претставници на политичките партии кои имаат право да назначат член за набљудување на гласањето. Тие ќе ги посетат лицата во самоизолација кои сакаат да гласаат од своите домови. Утре е предвидено да гласаат болните, луѓето што се во затвор, се приведени или се сместени во старечки домови.

МОСТ со 900 набљудувачи на изборите

Главниот ден на изборите за повеќето од запишаните 1.814.263 гласачи е на 15 јули, среда, а гласањето е продолжено за два часа и ќе се одржи од 7 до 21 часот. На претходните избори гласањето завршуваше во 19 часот. Избирачите се поделени во шест изборни единици. Изборите ќе се одржат на 3.750 избирачки места. Никој нема да може да гласа без маска за лице. Маската ќе се отстранува само за идентификација на лицето кое сака да гласа. Секој избирач е должен да задржи растојание од 1,5 до 2 метри пред зградата и влезот во гласачкото место. Граѓаните ќе треба да ги дезинфицираат рацете пред да влезат и да излезат на избирачкото место. Петнаесет партии и коалиции се натпреваруваат за 120 места во македонскиот парламент.

XS
SM
MD
LG