Достапни линкови

Во сообраќајна несреќа повредени 11 мигранти


Илустрација

Во сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш во близина на селото Лакавица во којашто, тешко се повредени 13 лица од кои 11 се мигранти, соопшти штипската полиција. Тие веднаш се пренесени во Клиничката болница во Штип. Оттаму велат дека дека сите ќе бидат тестирани на коронавирус

Од СВР Штип велат дека во несреќата учествувале две возила, комби и автомобил, но други детали не се соопштуваат оти истрагата на местото на несреќата уште е во тек. Овие две возила излетале од коловозот на десната страна во правец Штип-Радовиш. Според првичните информации од полицијата, возачот на мигрантите побегнал од местото на несреќата.

XS
SM
MD
LG