Достапни линкови

Човечка грешка причина за уривањето со проектили на украински авион во Иран


Иранските власти велат дека погрешно поставена ракетна батерија и погрешната спроведена комуникација меѓу војниците и нивните надлежни биле причините за јануарската авионска несреќа во која се урна украински авион при што загинаа 176 патници. Ова се дел од заклучоците на иранската организација за цивилно воздухопловство во денешната објава на извештајот.

Украинскиот меѓународен лет 752 беше погоден со два проектила и се урна веднаш по полетувањето од главниот аеродром во Техеран на 8 јануари. Катастрофата се случи истата вечер кога Иран започнна балистички ракетен напад насочен кон американски војници во Ирак. Тој напад беше ирански одговор на американскиот напад со беспилотни летала во кој беше убиен еден од најмоќните команданти на иранскиот револуционерен корпус Генерал Касем Солејмани.

„ Неуспехот и недоразбирањето се случиле како резултат на човечка грешка во следењето на постапката за усогласување на радаорт кој предизвилал понатаму грешка во системот, “ се вели во извештајот, за кој организацијата тврди дека е „фактички извештај“ а не „финален извештај“.

XS
SM
MD
LG