Достапни линкови

Протестите во Србија поминаа мирно


Петтиот по ред протест пред Собранието во Белград помина без инциденти и мирно за разлика од минатите вечери. Мирно без инциденти беше и во другите градови, во Србија каде што неколку илјади демонстрантите излегоа на антивладини протести незадоволни од државниот одговор и справувањето со пандемијата со ковид-19. Во Ниш, полицискиот кордон ги спречил демонстрантите да го блокираат автопатот, но тоа поминале без поголеми инциденти. Повеќето демонстранти носеле маски додека марширале кон Парламентот во Белград. Тие бараат оставка од претседателот Александар Вучиќ. Претходните два дена протестите поминаа во жестоки судири со полицијата при што беа приведени 70 луѓе.

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека државата е силна, институциите си ја вршат својата работа и оти насилството нема да победи.

Таа апелираше до граѓаните да не се собираат со цел да го зачуваат здравјето и да спречат уште поголеми бројки на заболени од коронавирусот.

„Секогаш има време за протести, а за борба против коронавирусот нема повеќе време“, рече Брнабиќ.

Полиција со солзавец ги растури антивладините протести во Белград

Српската полиција приведе 70 луѓе поради насилните протести

Во меѓувреме, директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ информира дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на Белград биле уапсени 42 лица, поради разни инциденти извршени за време на демонстрациите претходните денови, а меѓу нив е и напаѓачот на новинарот на телевизијата Н1.

XS
SM
MD
LG